
Transparent Lab
Паметна и функционална нега за секојдневните потреби на кожата.
14 производи
Transparent Lab е линија на Niche Beauty Lab создадена со идејата напредната нега на кожата да биде едноставна, разбирлива и лесна за вклучување во секојдневната рутина. Линијата нуди внимателно развиени формули за различни потреби на кожата – хидратација, зајакнување на кожната бариера, нерамномерен тен, несовршености, чувствителност и знаци на стареење. Во формулите се среќаваат добро познати активни состојки како хијалуронска киселина, ниацинамид, пептиди, керамиди, витамин C, ретиноиди, азелаична киселина и ексфолирачки киселини, комбинирани во различни концентрации и текстури според намената на производот. Од нежни чистачи и тонери, до серуми, креми и таргетирани третмани, Transparent Lab овозможува лесно да изградите рутина прилагодена на потребите на вашата кожа. Ефикасни формули, јасна намена и skincare без непотребно комплицирање.
Разгледај и други брендови




